Студентска менза на Балканот го има најевтиниот оброк на светот: Ручек или вечера чини помалку од евро

46

Според хрватските медиуми, цените на храната во студентските мензи не е променета од 2013 година, а за ручек или вечера останува 0,88 центи.

„Нови лист“ пресметал дека студент во Хрватска во 2013 година морал да работи половина час за студентски ручек, бидејќи саатницата за работа преку Студентската служба била 1,9 евра. Денеска минималната саатница е 5,25 евра, а за половина час работа ќе  заработи три ручеци во мензата.

Оваа цена, која хрватскиот весник ја претставува како најевтин ручек во светот, е можна благодарение на дарежливите државни субвенции.

Во наредната учебна година субвенциите дополнително ќе се зголемат, па учениците во 2025 година ќе плаќаат иста цена како во 2013 година. Оваа секако добра социјална вест има и лоша страна, имено, како што некои велат, студентските менија се застарени, монотони, нездрави.