Падна цената на златото

171

Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, нафтата од типот „брент“ се продава за 79 долари за барел, а во исто време е забележан и пад на цените на златото и на пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:30 часот падна на 18.947,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.194,41 поени, францускиот CAC 40 на 7.482,01 поени, а московскиот MOEX на 2.776,63 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 41.954,24 поени, индексот S&P 500 на 5.695,94 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.923,90 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 75.436 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 79.219 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 40.250 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2633,57 долари за унца, а на пченицата на 5,9050 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09870, што е приближно исто како и во понеделникот.