Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 1,4% на месечно ниво, односно за 2% на годишно ниво.
Во октомври 2013, во споредба со септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 3,2%, во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5% и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3%.
Во октомври 2013, во споредба со октомври 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 3,4%, во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 2,8%, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1,9%, во групата Капитални производи за 1,4% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.