Кои се петте најстресни градови за возење во Европа?

31

Заедно со Виена, Загреб е еден од најстресните градови за возење во Европа, според истражувањето на DiscoverCars.com.
Целта на истражувањето беше да се открие каде европските возачи се најмногу под стрес, со мерење на пулсот на возачите во седум различни градови низ континентот.

DiscoverCars.com ја создаде ранг-листата со тоа што прво ги просекува најниските отчукувања на срцето на секој возач во возење и мирување и највисоките отчукувања на срцето при возење и мирување.

Загреб има оценка за стрес од 25,5, што е иста оценка со онаа на Виена и затоа двата града го делат првото место. Разликата помеѓу отчукувањата на срцето на возачот додека вози и онаа додека се одмара е значајна.

Според возачите, патиштата во Загреб може да се затрупаат за време на шпицот, а друга причина зошто Загреб е оценет како многу стресен град за возење може да биде брзото возење, што некои возачи го истакнуваат .

Петте најстресни градови за возење се:

Загреб, Хрватска (стрес резултат: 25)

Виена, Австрија (стрес резултат: 25)

Даблин, Ирска (стрес резултат: 9,5)

Копенхаген, Данска (стрес резултат: 7,5)

Рејкјавик, Исланд (стрес резултат: 5,5)