Интернет користат 90,8 отсто од домаќинствата во земјава

78

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2024 година, 90.8 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома.

Во првото тримесечје од оваа година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 91.2 %,

а 76.4 % го користеле по неколку пати во текот на денот.

Во последните 12 месеци, 63.5 % од граѓаните во земјава нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет.