Германската деловна клима се подобри за прв пат по четири месеци

35

Расположението во германската економија се подобри во октомври, првпат по четири месеци, во очекување на стабилна инфлација и дополнително намалување на каматните стапки, покажаа во вторник резултатите од истражувањето на Институтот ZEW.

Индексот на атмосферата во најголемата европска економија, кој институтот го пресметува врз основа на редовно месечно истражување, се зголеми во октомври за 9,5 поени во однос на септември, на 13,1 поен.

На почетокот на есента, потсетува Хина, таа падна за цели 15,6 поени.

Дополнителен поттик беа позитивните сигнали од извозните пазари.

„Очекувањата за економијата на еврозоната, САД и Кина, исто така, значително се подобрија“.

Зголемениот оптимизам во прогнозите за кинеската економија веројатно е поврзан со најавениот пакет стимулативни буџетски мерки, шпекулира првиот човек на ZEW.

Октомвриското истражување покажа и подобрена оценка за состојбата на економијата на еврозоната, што се одразува со растот на соодветниот индекс за 10,8 поени, на 20,1 поен.

Сегашната состојба во бизнисот на германските компании се влоши во однос на септември, според падот на соодветниот индекс ZEW за 2,4 поени, на минус 86,9 поени, што покажува негативен рејтинг од девет од десет испитаници.