Суфицитот на тековната сметка на еврозоната во август падна на 31 милијарда евра

39

Суфицитот на тековната сметка на еврозоната се намали во август од 41 милијарда евра во јули на 31 милијарда евра, објави денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Суфицитот на тековната сметка на еврозоната за годишниот период до август 2024 година изнесува 408 милијарди евра, што претставува 2,8 отсто од БДП на еврозоната.

Во август е забележан суфицит од 32 милијарди евра во категоријата стоки, како и 19 милијарди евра во услуги, додека дефицит од 4 милијарди евра е забележан во категоријата примарни приходи, а дефицит од 15 милијарди евра во секундарни приходи.

Извештајот за состојбата на тековната сметка на еврозоната за септември ќе биде објавен на 19 ноември, а извештајот за третиот квартал од 2024 година се очекува на 13 јануари, се наведува на веб-страницата на Европската централна банка, пренесува Танјуг.

Според првите прелиминарни проценки, еврозоната во август забележала суфицит од 4,6 милијарди евра во стоковната размена со остатокот од светот, објави вчера Евростат.

Како што се наведува, еврозоната претходно забележа значително поголем суфицит во јули во износ од 19,7 милијарди евра, а сегашниот резултат меѓу другото е последица и на помалиот суфицит во трговијата со машини и возила.