Компанијата ЗЕГИН е дел од најуспешните во македонскиот деловен свет

10

Проектот „Бизнис лидер“ чиј главен фокус е да им оддаде признание, да ги инспирира и поврзе бизнис лидерите, претприемачите, инвеститорите и иноваторите, го прослави успехот на македонските компании кои придонеле за економскиот раст и развој на државата, истакнувајќи ги успешните приказни и нивните достигнувања за 2023 година.

Корпорацијата ЗЕГИН се здоби со 3 признанија и награди:

Зегин ДОО Скопјелидер во категоријата „Трговија на големо со фармацевтски производи“

Зегин Фарм и Моја аптекалидери во категоријата „Аптеки“.

Целта на проектот е да го поттикне развојот и зајакнувањето на позитивна деловна клима преку промоција на висока деловна пракса на најголемите и најпрофитабилните компании, како и најголемите работодавачи. 

За секоја компанија претставува чест и гордост да биде препознаена како визионерски бизнис лидер чиј извонреден придонес има значително влијание во индустријата.