🎥Ферари претстави „супер автомобил“ – Чини скоро 4 милиони евра и е веќе распродаден

111

На секои десет години, Ferrari воведува нов суперавтомобил. Секој модел на производителот на автомобили од Маранело претставува и нова икона која ќе заслужи место во историјата. Тоа се случи со GTO, F40, F50, а ќе се случи и со штотуку претставениот Ferrari F80, што е и официјалното име на „супер автомобилот од соништата“.

Новото Ферари е најмоќниот автомобил што некогаш излегол од Маранело: има V6 термички мотор од 900 коњи, поврзан со хибриден систем од 300 коњи, што му дава сложена моќност од 1.200 коњи. Станува збор за автомобил чија максимална брзина е 350 километри на час и кој до 100 километри на час достигнува за 2,15 секунди, а 200 километри за 5,75 секунди. Маранело предвиде вкупно 799 примероци кои веќе се продадени по цена од 3,6 милиони евра.

Моделот F80 е направен за две лица, но целата внатрешност наликува на автомобил за едно лице. Имено, иако има совозачко седиште, тоа е речиси невидливо кога ќе ја погледнете внатрешноста на автомобилот благодарение на бојата и положбата што го прави позатскриено од возачкото седиште.

Хибридниот систем на ова Ферари за прв пат вклучува електричен мотор кој е целосно дизајниран, тестиран и произведен во Маранело.

Дизајнот е комбинација од црвен горен дел од титаниум, јаглерод и алуминиум и долен дел од обоени карбонски влакна и е сосема нова асиметрична форма. Тој е 5% полесен од LaFerrari, но 50% поцврст.