Големите земји-членки на ЕУ трошат милијарди за службени автомобили од фосилни горива

70

Групата од пет големи членки на Европската унија троши 42 милијарди евра годишно за субвенционирање на службени автомобили за фосилни горива, според студијата нарачана од здружението за заштита на животната средина Транспорт и животна средина (T&E).

Италија е на прво место од петчлената групација со 16 милијарди евра, а на второ е Германија со 13,7 милијарди евра, покажува истражувањето на консултантската компанија Environmental Resources Management (ERM).

Франција и Полска издвојуваат 6,5 милијарди и 6,1 милијарди евра годишно, пренесува Хина, додека Шпанија е на дното на листата на големи земји со 100 милиони евра субвенции.

Приближно 15 милијарди евра во четири земји одат за субвенционирање на спортски возила. Возачите на службени автомобили просечно добиваат даночен додаток од 6.800 евра годишно, а сумата може да достигне и 21.600 евра за поголемите модели кои повеќе ја загадуваат животната средина.

Во такви услови, продажбата на електрични возила на компании заостанува далеку зад просекот на пазарот, покажа истражувањето.

Најголема дупка е забележана во Франција, каде што во првата половина од годината електричните автомобили учествуваа со дури четвртина од вкупната продажба, но само една десетина од регистрираните нови автомобили за деловни цели.

Во Германија нивниот удел во вкупната продажба беше 17 отсто, но само 12 отсто во сегментот на деловни автомобили. Во Шпанија, електричните автомобили учествуваа со шест проценти од вкупната продажба, во споредба со само четири проценти во деловниот сегмент.

Полска е исклучок во групата бидејќи електричните автомобили за деловни цели учествуваат со 4,1 отсто од продажбата, во споредба со просечните 1,5 отсто.

На ниво на ЕУ, деловните електрични автомобили учествуваа со 12,4 отсто од продажбата, во споредба со просечните 13,8 отсто.

„Целосно е нелогично и неприфатливо што сè уште инвестираме милијарди пари на даночните обврзници во технологија која е дијаметрално спротивна од програмата за зелена транзиција на Европската комисија“, рече директорот на T&E, Стеф Корнелис.