Директорот за маркетинг на Фолксваген протеран од Кина

88

Директор на германскиот автомобилски гигант Фолксваген во Кина, Јохен Сенгпиел, е протеран од земјата откако наводно бил позитивен на допинг тестот по враќањето од одмор во Тајланд, потврдија германските власти.

Според пишувањата на германските медиуми, кинеските власти тврдат дека по враќањето од Тајланд откриле траги од канабис и кокаин во неговата крв. Тој беше уапсен и приведен, а по неколкучасовно испрашување, затворен, пишува South China Morning Post.

Германското Министерство за надворешни работи потврди дека е „запознато за случајот“ и дека нејзината амбасада во Пекинг е „во редовен контакт со засегнатото лице и неговото семејство, како и со локалните власти“.

Според германскиот таблоид Билд, Сенгпи поминал повеќе од 10 дена во притвор пред VW и германските дипломатски претставници да успеат да го ослободат, но морал веднаш да ја напушти Кина. Фолксваген одби да го коментира случајот.

Кина има исклучително строги закони за наркотици, односно нулта толеранција. Иако марихуаната беше декриминализирана во Тајланд во 2022 година, владата делумно ја промени оваа одлука оваа година и се очекува нова забрана.

Сенгпи има повеќе од 50 години и работи како главен маркетинг директор на VW во Кина од август 2022 година, според неговиот профил на LinkedIn. Пред тоа, тој беше шеф на маркетинг за целата групација на 10 марки на Фолксваген, со седиште во Германија.

Овој случај дополнително ја усложнува ситуацијата за Volkswagen во Кина, кој традиционално е еден од неговите најважни пазари, но каде што забрзано го губи теренот пред домашните конкуренти, особено во областа на електричните возила.