Бундесбанк: Странските директни инвестиции во Германија значително намалени

23

Странските директни инвестиции во Германија значително се намалија, предупреди централната банка, посочувајќи дека најголемата европска економија во конкуренција заостанува зад другите земји од ЕУ, како Франција и Шпанија, е заклучокот на експертската статија од месечниот извештај на германската централна банка, Бундесбанк.

„Од крајот на 2021 година, остатокот од еврозоната речиси воопшто не инвестираше во капитал“ во Германија, пишуваат авторите на експертската статија. Инвестициите од другите земји и понатаму се позитивни, но „значително намалени во однос на периодот од крајот на 2019 до крајот на 2021 година“.

Авторите на написот додаваат дека причините за падот на директните инвестиции во Германија „сè уште не е можно со сигурност да се утврдат“, но еден од факторите, како што проценуваат, би можеле да бидат високите цени на енергијата.

Додека странските компании во 2020 и 2021 година инвестирале вкупно нешто повеќе од 100 милијарди евра во акционерски капитал во Германија, пренесува Хина, до средината на оваа година пристигнале само 62 милијарди евра директни странски инвестиции.

„Можно е да се утврди статистички значајна структурна промена во 2022 година, што доведе до забележително намалување на износот на странски директни инвестиции во Германија“, пишуваат авторите. Директните инвеститори од Соединетите Американски Држави и Холандија одиграа голема улога „и пред и по таа значајна структурна промена“, додаваат тие.

Приливот на инвестиции од Велика Британија во Германија е значително намален во изминатите две и пол години, веројатно поради излегувањето од Европската унија во јануари 2020 година.

Германските компании континуирано инвестираат големи суми во странство од почетокот на деценијата, нагласуваат авторите, утврдувајќи дека германските директни странски инвестиции од јануари 2019 до јули 2024 година достигнале вредност од речиси 1,7 трилиони евра. Во периодот од 2020 до 2022 година, германските инвестиции во енергетски интензивните индустрии во САД, како што е производството на хемиски производи и метали, особено пораснаа.

„Ова, заедно со колапсот на домашното индустриско производство, може да сигнализира дека компаниите кои трошат многу енергија користат локации во странство поради релативно пониските производствени трошоци“, забележуваат тие.