Продажни цени на производителите на индустриски производи во септември

44

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 1,2% на месечно ниво, а се пониски за 2,6% на годишно ниво.

Во септември 2013, во споредба со август 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0,3%, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 1,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,1%.

Во споредба со септември 2012, во септември годинава продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2%, во секторот Преработувачка индустрија за 2,9% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1%.