Светските цени на нафтата денеска паднаа за околу пет отсто бидејќи израелските воени напади врз Иран не беа насочени кон нафтата и нуклеарната инфраструктура, како што стравуваа некои аналитичари.
Техеран веднаш не објави дека ќе одговори на нападот, а иранските државни медиуми соопштија дека активностите на нафтената индустрија во земјата функционираат нормално, пишува Блумберг.
Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пораст, а во исто време е забележан и пад на цените на златото и на пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 19.504,65 поени, британскиот FTSE 100 на 8.261,02 поени, францускиот CAC 40 на 7.554,44 поени, додека московскиот MOEX падна на 2.641,9 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 42.114,40 поени, S&P 500 на 5.808,10 поени, додека вредноста на Nasdaq индексот стагнира на 18.518,61 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 68.316 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 72.582 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 42.350 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.739,37 долари за унца, а на пченицата на 5,6691 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08076, што е приближно исто како и во понеделникот.