Националната администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата на САД повлече девет модели на Rimac Nevera од 2023 и 2024 година поради опасност од пожар. Проблемот лежи во нисконапонскиот кабел C19, кој може да предизвика кратки споеви и прегревање доколку не е правилно обезбеден. Поради потенцијалниот ризик од пожар, на сопствениците им се препорачува да не го возат автомобилот додека не помине технички преглед, пишува Форбс.
Сервисните центри ќе го прегледаат и поправаат кабелот бесплатно. Во моментов се информираат продажните места, а сопствениците на возилата ќе бидат известени од 18 ноември.
Иако повлекувањата не се невообичаени во автомобилската индустрија, интересно е како е откриен овој проблем. Можно е да е идентификуван по инцидент со некој од муштериите. Пожарите во електричните возила се особено опасни доколку го зафатат акумулаторот, бидејќи за нивно гаснење е потребно големо количество вода.