Фолксваген затвора најмалку три фабрики во Германија, владата сака да спаси работни места

71

Раководството на Volkswagen (VW) и претставниците на вработените со недели преговараа за отпуштања и затворање на погоните. Работничкиот совет сега доби конкретен предлог.

„Управниот одбор сака да затвори најмалку три фабрики во Германија“, изјави претседателката на централниот работнички совет Данијела Кавало.

Тоа не е се, бидејќи и останатите погони ќе отпуштат работници, рече таа.

Под особен притисок е фабриката во Ознабрик, која не ја доби очекуваната работа со Порше, рече Кавало.

Сè на сè, десетици илјади работни места во гигантската компанија се загрозени. Некои одделенија ќе бидат затворени, а некои ќе се преселат во странство.

„Плановите на раководството ги засегаат сите фабрики на Фолксваген во Германија“, рече Кавало. „Ниту еден не е безбеден.

Кавало и другите претставници на работниците ветија дека ќе се спротивстават на какви било отпуштања.

Фолксваген вработува околу 120.000 работници во Германија, приближно половина од нив во Волфсбург. VW има вкупно 10 фабрики во Германија.

Германија од средината на следната година ќе дозволи економски мотивирани отпуштања.

Германската влада бара од компанијата да заштити работни места
Германската влада го повика Volkswagen да ги заштити работните места, откако претставници на работниците во компанијата најавија дека планираат затворање на најмалку три фабрики во земјата и отпуштање на десетици илјади вработени.

Ставот на канцеларот Олаф Шолц е јасен, изјави владиниот портпарол во Берлин.

„Имено, евентуалните погрешни одлуки донесени од раководството во минатото не треба да бидат на сметка на работниците“, рече портпаролот.

Целта е да се зачуваат и обезбедат работните места во автомобилската компанија.