Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, златото и пченицата.
Цената на златото порасна на 2752,62 долари за унца, а на пченицата на 5,6067 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08138, што е приближно исто како и во понеделникот.
Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 19.584,65 поени, британскиот FTSE 100 на 8.290,01 поени, францускиот CAC 40 на 7.583,94 поени, а московскиот MOEX на 2.577,33 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 67.532 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 71.523 долари.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 42,6 евра за мегават-час.