Котација на државни обврзници

94

Македонска берза известува дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 31.10.2024 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 824.800.000,00  МКД
Број на издадени хв: 82.480
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 25.10.2024
Датум на достасување: 25.10.2027
Каматна стапка: 3,95%
Шифра на тргување: М251027
ИСИН: MKMINF20GBI1