Просечната нето плата во Црна Гора е 877 евра

32

Просечната црногорска плата без даноци и придонеси во септември, според податоците на Монстат, изнесувала 877 евра и била за 1,9 отсто повисока од август. Просечната бруто плата во септември била 1,1 илјади евра.

Споредено со истиот месец лани, просечната нето плата во септември бележи раст од 9,6 отсто.

„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во септември во однос на август бележат пад од 0,4 отсто, произлегува дека реалните плати за истиот период бележат раст од 2,3 отсто“, се наведува во соопштението.

По сектори на дејност, просечната заработка без даноци и придонеси во септември, во однос на минатиот месец, е забележан раст во секторите земјоделство, шумарство и рибарство од 7,7 отсто, образование за 7,2 отсто, финансиски и осигурителни дејности за 2,8 отсто, уметнички, забавни и рекреативни активности 2,7 отсто, бизнис со недвижности 2,3 отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и административни и помошни услужни дејности по 2,2 отсто.

Раст е забележан и во секторите сместување и угостителски услуги, 1,8 отсто, трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 1,6 отсто, стручни, научни и технички дејности 1,2 отсто, вадење руди и камен 1,1 отсто, преработувачка индустрија и градежништво по 0,6 отсто, сообраќај и складирање и информации и комуникации 0, 4 отсто и државна управа и одбрана : задолжително социјално осигурување 0,3 отсто.