На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места во областа на обновливите извори на енергија

20

Во регионот на Западен Балкан во следните шест години ќе се отворат повеќе од 27.000 работни места во секторот на обновливи извори на енергија, а најмногу работници ќе бидат потребни во секторот за соларна енергија.

Повеќе од 27.000 работни места ќе бидат отворени во областа на обновливите извори на енергија во регионот на Западен Балкан во следните шест години, од кои најмногу експерти ќе бидат потребни во секторот за соларна енергија.

Ова го покажа анализата на пазарот на трудот спроведена во Црна Гора, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, пишува РТЦГ.

За да може регионот адекватно да одговори на „зелената транзиција“, итно се потребни реформи во областа на образованието и школството, потенцираат организаторите на конференцијата „EduEnergy 2.0: Кон обликување на иднината на транзицијата на обновливите извори на енергија во Западен Балкан“.

Анализата на пазарот на труд покажува дека до крајот на 2030 година ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места во областа на обновливите извори на енергија, од кои најголем број вработени ќе бидат потребни во секторот за соларна енергија.