Француско-холандската авиокомпанија „Ер Франс-КЛМ“ во третиот квартал годинава оствари профит од 824 милиони евра, што е за 13 отсто помалку во однос на истиот период лани.
Како и во претходниот квартал, на полошите резултати во третиот квартал влијаеле Олимписките игри, бидејќи туристите во тој период избегнувале да ја посетат француската престолнина.
Во третиот квартал приходите изнесуваат девет милијарди евра, што претставува зголемување од 3,7% на годишно ниво. Сепак, според компанијата, доколку немало Олимписки игри, приходите би биле поголеми за 160 милиони евра.
„Третиот квартал откри мешани трендови за групацијата Ер Франс-КЛМ“, рече извршниот директор Бенџамин Смит по објавувањето на извештајот.
Компанијата од јули до септември превезла нешто помалку од 27,9 милиони патници, што е за 3,5 отсто повеќе од истиот период лани.
Во исто време, бизнисот беше погоден од повисоките трошоци за плати, работна сила и одржување, пишуваат тие.