ЕУ може да го замени рускиот гас со поевтин американски гас

81

Европската унија би можела да ја разгледа можноста за увоз на течен природен гас (ТНГ) од САД наместо од Русија, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Сè уште добиваме голем дел од гас од Русија, а зошто да не го замениме со американскиот, кој ни е поевтин и ни обезбедува пониски цени на енергијата“, рече таа на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Според неа, пристапот на ЕУ кон трговската политика, кој ќе се применува кога Доналд Трамп повторно ќе ја преземе функцијата во јануари, ќе се заснова на ангажман, разгледување на заедничките интереси и преговарање.