Во 1972 година се купуваше за 2.084 долари, а колку би чинела денес „Застава 101“?

177

„Застава 101“, популарно позната како „Стојадин“ или „Кец“, се произведуваше во Крагуевац од 1971 до 2008 година, а се базираше на тогаш технички мошне модерниот „Фиат 128“, со малку изменет заден дел и беше еден од првите автомобили произведени во денешната преовладувачка варијанта на хечбек.
Пет врати беа реткост во тоа време, а „Застава 101“ покрај дизајнерскиот пробив беше привлечен за купувачите и поради пристапната цена.

Овој модел брзо стана најпродаваното возило „Застава“ на просторите на поранешна Југославија, а поради пристапната цена постигна и значаен извозен успех, пред сè во земјите од Источна Европа, но и во светот.

На „Фејсбук“ страницата „Застава 101 форум“ објави клип од списанието АВТО што беше објавено далечната 1972 година, практично на самиот почеток на продажбата на овој модел, во кое се наведува дека тогашната цена била 40.040 динари, односно 2.084 долари.

Кога ќе се земе предвид инфлацијата за претходните речиси 50 години, доаѓаме до бројката дека денес Zastava 101 би чинел точно 15.191 долари, односно 14.085 евра, пренесува Крстарица.

Фото: Facebook