Влошувањето на климатските влијанија дополнително ќе ја зголеми инфлацијата

68

Влошувањето на климатските влијанија дополнително ќе ја поттикне инфлацијата доколку секоја земја не преземе похрабри мерки за климата, ги предупреди извршниот секретар на ОН за климатски промени Сајмон Стил светските лидери на самитот за климатски промени COP29 во Баку.

„Порано зборувавме за климатските активности како спас на идните генерации. Но, имаше сеизмичка промена во глобалната климатска криза“, рече тој, нагласувајќи дека климатската криза станува убиец на економијата во моментов, објави Гардијан.

Стил посочи дека климатската криза е криза со трошоците за живот, бидејќи климатските катастрофи ги зголемуваат трошоците за домаќинствата и компаниите.