Инфлацијата во Германија забрза во октомври

59

Октомври не беше одбележан со поевтинување на голем број производи и услуги во малопродажбата во Германија. Германскиот завод за статистика во вторникот ја потврди прелиминарната проценка дека инфлацијата повторно се забрзала до годишна стапка од два отсто минатиот месец.

Најмногу поскапеле услугите и храната, за четири или 2,3 отсто во однос на октомври лани. Од друга страна, инфлацијата ја успорија енергетските производи кои поевтинија за 5,5%.

Инфлацијата се намалува речиси цела година, по повеќе од две години силен бран поскапувања. Во септември растот на цените падна на 1,6% на годишна основа.
Во месечна споредба меѓу октомври и септември, цените пораснале за 0,4%.

Инаку, економистите очекуваа дека на крајот на годината повторно ќе има сезонски пораст на цените.