Угостителските услуги во периодот јануари – октомври поскапи за 2,9% во споредба со минатата година

Цените на угостителските услуги во октомври 2026 година бележат намалување од 1,8% во споредба со претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.

Bо однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 1.6 %. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – октомври 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.9 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.5 %.

Цените во угостителството, по групи, во октомври 2026 година во однос на септември 2026 година се зголемени во групите: 

  • Храна за 0.1 % 
  • Алкохолни пијалаци за 0.2 %
  • Безалкохолни пијалаци за 0.1 %

Намалување од 9.9 % е забележано во групата Ноќевања.