Русија им ги отпиша долговите на африканските земји во износ од 20 милијарди долари, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија и специјален пратеник на претседателот Владимир Путин за Блискиот Исток и Африка, Михаил Богданов.
Според него, споменатите средства, меѓу другото, биле пренасочени за рефинансирање на развојни проекти во африканските земји, пренесува ТАСС.
-На тој начин долговите се користат за директно спроведување на социо-економски проекти во африканските земји, додаде Богданов.