На Волстрит стивна еуфоријата поради Трамп

65

На Волстрит вчера берзанските индекси останаа речиси непроменети бидејќи стивна еуфоријата за изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, додека податоците за инфлацијата беа во согласност со очекувањата.

Dow Jones зајакна 0,11 отсто, на 43.958 поени, додека S&P 500 порасна за 0,02 отсто, на 5.985 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,26 отсто, на 19.230 поени.

Вчера инвеститорите беа фокусирани на податоците за инфлацијата во САД во октомври. Потрошувачките цени се зајакнати за 0,2 отсто на месечно ниво, а на годишно ниво се зголемени за 2,6 отсто. Базичната стапка на инфлација, без цените на енергијата и храната, се зголеми за 0,3 отсто на месечно ниво.

Со оглед на тоа што овие податоци се во согласност со очекувањата на аналитичарите, тие не влијаеја значително на очекувањата за каматните стапки на американската централна банка.

Тие очекуваат Трамп да ги намали даноците и да спроведе дерегулација
Пазарот проценува дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени по трет пат оваа година на состанокот во декември. Но, тоа е веќе вградено во цените на акциите, како и во очекувањата во врска со новиот претседателски мандат на Доналд Трамп.