ЕК: Економијата на Европската унија ќе порасне за 0,9 отсто во 2024 година и ќе забрза до 1,5 отсто во 2025 година

16

Економијата на Европската унија ќе порасне за 0,9 отсто во 2024 година и ќе забрза до 1,5 отсто во 2025 година и 1,8 отсто во 2026 година, се вели во есенската прогноза на Европската комисија објавена денеска.

Како што е наведено, еврозоната се очекува да доживее економски раст од 0,8 отсто оваа година и забрзување до 1,3 отсто во 2025 година и 1,6 отсто во 2026 година.

По долг период на стагнација, економијата на ЕУ се враќа на скромен раст додека продолжува трендот на намалување на инфлацијата, се додава во соопштението на Европската комисија.