Во Европската унија во 2022 година за здравствени трошоци се трошеле во просек по 3.685 евра по жител, покажуваат податоците на Евростат.
Заводот за статистика на ЕУ наведува дека највисоките просечни расходи меѓу земјите-членки се забележани во Луксембург и изнесуваат 6.590 евра по жител. Следуваат Данска и Ирска со 6.110 евра и 5.998 евра по жител.
Од друга страна, најмалку потрошиле Романците, околу 858 евра. На второ место се Бугарите со 990 евра, а на трето Полјаците со 1.137 евра.
Трошоците за здравство се зголемени во сите земји на ЕУ од 2014 година, а најголем пораст забележаа Летонија, Литванија и Романија – 140,5 отсто, 125,6 отсто и 123,1 отсто.
Во 2022 година, односот на тековните трошоци за здравство со БДП во ЕУ беше 10,4 отсто, покажаа статистичките податоци. Германија забележала највисоки релативни расходи со 12,6 отсто од БДП, потоа Франција со 11,9 отсто и Австрија со 11,2 отсто.
Истовремено, расходите за здравствена заштита во Луксембург изнесуваат 5,6 отсто од БДП, во Романија 5,8 отсто и Ирска 6,1 отсто, додека во Хрватска изнесуваат 7,2 отсто.
Од сите членки, само шест земји на ЕУ забележаа понизок однос на здравствените трошоци кон БДП во 2022 година во споредба со 2014 година.
Најголем пад е забележан во Ирска, пад од 3,4 процентни поени. На второ место е Данска со 0,8 процентни поени, а на трето Холандија со 0,5 процентни поени.
„Споредбата е направена со 2014 година бидејќи тоа е првата референтна година за која се собрани податоци за сите земји од ЕУ според методологијата на Системот за здравствени сметки (СЗА) 2011 година“, потенцираат од Евростат.