Акциите на производителите на вакцини паѓаат по назначувањето на Кенеди за министер за здравство на САД

11

Акциите на производителите на вакцини реагираа со пад на веста дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го назначи Роберт Кенеди Џуниор за секретар за здравство и човечки услуги. Вредноста на акциите на Модерна падна за шест отсто по веста, со исто темпо како и акциите на Новавакс, додека Pfizer забележа пад од два отсто, пренесува CNN.

Кенеди со години ја доведува во прашање ефикасноста и безбедноста на вакцините и минатата недела најави дека „веднаш“ ќе ги провери, но во исто време додаде дека „никому нема да ги одземе вакцините“.

Последиците од назначувањето ги почувствуваа и другите производители на вакцини, бидејќи акциите на германската компанија Бионтек паднаа за седум отсто, а акциите на британскиот ГСК за два отсто. Американските компании кои се занимаваат со производство на вакцини веќе имаат проблеми со намалената побарувачка во однос на врвот на пандемијата на корона вирусот, така што од почетокот на годината акциите на Модерна паднаа за 46 отсто, а акциите на Фајзер за 11 отсто , објави Гласот на Америка.

Во изјавата Трамп нагласи дека Кенеди ќе има клучна улога во обезбедувањето на здравјето и безбедноста на Американците, нагласувајќи дека ќе се бори против влијанието на прехранбената индустрија и фармацевтските компании, кои ги обвинува за ширење дезинформации и опасни хемикалии, пренесува Танјуг.

Фото: Facebook