Доделени решенија за финансиска поддршка за воведување на ИСО и ХАЛАЛ стандарди на 14 домашни компании

25

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ги додели решенијата за  исплата на средства  на мали и средни претпријатија за воведување на ИСО стандарди и сертификација на ХАЛАЛ систем  врз основа на објавените јавни повици по мерките од  Програмата  за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за 2024  година.

Оваа година  Министерството за економија и труд, во рамки на Програмата  за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за 2024  реализираше :

МЕРКА  4 – Надоместување на дел од трошоците на микро, мали и средни претпријатија за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандарди и тоа 40 % од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари поединечно за  секој апликант.

МЕРКА 5 – Надоместување на дел од трошоците на микро, мали и средни претпријатија за сертификација на ХАЛАЛ систем, преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари поединечно за секој апликант.

За реализација на овие мерки Министерството за економија и труд објави јавни повици во кои беа дефинирани условите за учество и потребните документи за аплицирање.

Двата Јавни повици беа објавени истовремено на 19.07.2024 година на веб страницата на Министерството за економија и труд и траеја до 01.10.2024 година.

За секоја од овие мерки се предвидени средства во  износ од 2.000.000 денари поединечно.

Заклучно со 01.10.2024 година, до Министерството за економија и труд пристигнаац 9 (девет) барања од подносители за кофинансирање на сертификација според ИСО стандарди и 14 (четиринаесет) барања од подносители за кофинансирање на сертификација на ХАЛАЛ систем.

Од разгледаните 9 (девет) барања, Комисијата констатира дека 1 (едно) не ги исполнува условите за учество одредени со Јавниот повик за ИСО, а за останатите 8 (осум) одлучи да одобри надоместување на дел од трошоците за сертификација, согласно доставената документација, во вкупен износ од 463.961 ден.

Од разгледаните 14 (четиринаесет) барања, Комисијата констатира дека 9 (девет) не ги исполнуваат условите за учество одредени со Јавниот повик за ХАЛАЛ, а за останатите 5 (пет) одлучи да одобри надоместување на дел од трошоците за сертификација, согласно доставената документација, во вкупен износ од 445.260 ден.

Добитници ан финансиска поддршка од овие мерки се:

За мерката за воведување на ИСО стандарди:

ОРНАМАКС ДООЕЛ Скопје

БАГА ФООД ДОО Битола

БУРДЕМ-ПЛАСТИК ДОО Студеничани

БИМФООД ДОО Прилеп

ПРОАХИС ИНОВАТИОН ДОО Битола,

ГАЛАТЕКС ДООЕЛ Куманово

АКЦЕС КОНСТРАКШН ГРУП Скопје

ЕВРОПА 92 ДООЕЛ Кочани

МАРМАЈОЗ ДОО Прилеп

За мерката воведување на ХАЛАЛ стандарди се:

СОКО ГОРИЦА ДООЕЛ Скопје

НУРО КОМПАНИ ДОО с. Камењане, Боговиње

НЕЛКОСКИ ОРГАНИК ФУД ДООЕЛ с. Драслајца, Струга

АНЕТА КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје

ЛЕЦКЕР ДООЕЛс. Требош, Желино

Имајќи ги во предвид потребите на компаниите Министерството за економија и труд и во иднина ќе продолжи со реализација на мерки и активности во насока на подобрување на конкурентноста на МСП