Ова е најпаметниот град во 2024 година

16

Сообраќајниот метеж, лошиот квалитет на воздухот, големата потрошувачка на електрична енергија, многу отпад, се само дел од проблемите со кои ефикасно се справија паметните градови.

Паметните градови претставуваат опремени урбани области кои користат различни технологии за да го направат животот на жителите подобар, поудобен и, на долг рок, поздрав. Ваквите градови вреди да се посетат.

Методите вклучуваат комбинација на софтвер, кориснички интерфејси и комуникациски мрежи, а најзначајно решение е таканаречениот „Интернет на нештата“ (IoT) – уреди како сензори, светла и мерачи за собирање и анализа на податоци. Градовите ги користат тие податоци за да ја подобрат инфраструктурата, комуналните и социјалните услуги, да ги намалат бројните трошоци и да ја подобрат животната средина.

Опсерваторијата за паметни градови на Светскиот центар за конкурентност на IMD ​​во соработка со Светската организација за паметни одржливи градови (WeGO) со седиште во Сеул, подготви извештај за рангирање на 142 паметни градови.

Меѓу водечките паметни градови за 2024 година, најмногу се истакнаа следниве:

Цирих, Швајцарија;
Осло, Норвешка;
Канбера, Австралија;
Женева, Швајцарија;
Сингапур, Сингапур;
Копенхаген, Данска;
Лозана, Швајцарија;
Лондон, Велика Британија;
Хелсинки, Финска;
Абу Даби, Обединети Арапски Емирати;