Производството на велосипеди во ЕУ се намали на 9,7 милиони

53

Во 2023 година во Европската унија се произведени 9,7 милиони велосипеди, што е намалување за 24 отсто во однос на 2022 година (12,7 милиони).

Гледајќи ги достапните податоци, најголем производител на велосипеди минатата година беше Португалија со 1,8 милиони единици, а потоа следат Романија (1,5 милиони), Италија (1,2 милиони) и Полска (0,8 милиони), пренесува Еуростат.

Достапните јавни податоци покажуваат дека 14 од 17-те земји на ЕУ кои пријавиле пад на производството на велосипеди меѓу 2022 и 2023 година.

Најголем пад на бројот на велосипеди е забележан во Романија со милион единици, потоа Италија со 700.000 и Португалија со речиси 400.000 единици.