Јагуар го смени логото – Нови автомобили од 2026 година (ВИДЕО)

54

Мора да го заборавиме Јагуар каков што го знаеме, вклучително и логото на дивата мачка што е на автомобилите од 1945 година. Станува збор за „Јагуар во скок“, односно на оригиналниот англиски јазик „Leaper“, симбол дизајниран од основачот на брендот, Сер Вилијам Лајонс.

Пред 1945 година, компанијата беше наречена „Swallow Sidecars“, скратено S.S., што повеќе не беше прифатливо по Втората светска војна од очигледни причини.

Новите автомобили на Јагуар, кои ќе ги гледаме од 2026 година, ќе бидат сосема различни по формата, перформансите и изгледот на марката. Ќе се трансформира во еден збор j a g u a r, напишан со нови, досега невидени букви. Или како што официјално велат: „Новата филозофија опфаќа храбар дизајн, неочекувано и различно размислување и создава идентитет на бренд кој привлекува внимание со смела креативност.

Jaguar сега и официјално го претстави таканаречениот визуелен идентитет на марката.

Започнува со името, напишано со многу минималистички фонт. Новина е логото на брендот, каде Jaguar е заменет со игра на спротивставени букви J. Естетскиот ефект потсетува на амблемите на луксузните брендови, што е токму целта на Jaguar.

Мотото на основачот Вилијам Лајонс, „не копирајте ништо“, стана вистинска посветеност. Но, за да разбереме како сето ова ќе се однесува на автомобилот, ќе треба да почекаме до 2 декември, кога Jaguar ќе го претстави својот прв концепт на Неделата на уметност во Мајами.