UNIQA осигурување се повлекува од Албанија, Косово и Македонија

123

Австриската осигурителна компанија UNIQA Group објави дека одлучила да го продаде целиот свој удел од 90% во SIGAL UNIQA Group Austria, која работи во Албанија, Косово и Северна Македонија, на албанскиот претприемач Авни Понари, основач и малцински акционер на SIGAL Group Austria, пренесува Инвеститор.

Одлуката е во согласност со стратегијата на UNIQA за реевалуација на пазарот, поточно преоценување на присуството на компанијата на малите пазари на Западен Балкан, се наведува во соопштението на компанијата.

Договорот за купопродажба на акции ќе биде потпишан во наредните денови, во очекување на одобрението од регулаторот, додаваат од UNIQA.

„Набавната цена е предмет на доверливост. Продажбата на основачот и долгогодишен акционер на SIGAL UNIQA Group Austria обезбедува брз трансфер и максимален континуитет за клиентите, вработените и партнерите“, соопшти UNIQA.

Во 2010 година, UNIQA Group се здоби со 70% од акциите во Sigal Holdings на Понари, која исто така беше активна во Косово и Северна Македонија, според албанскиот деловен регистар. Во 2016 година го зголеми своето учество на 86,93%. SIGAL UNIQA Group Austria се состои од осум субјекти, вклучително и друштва за животно и неживотно осигурување, компании за реосигурување и пензиски фондови.