Џенерал Моторс влегува во Формула 1 од 2026 година

39

Формула 1 објави дека постигнала начелен договор со General Motors (GM) за поддршка на влезот на GM/Cadillac како 11-ти тим во „најбрзиот циркус во светот“ во 2026 година.

Во текот на целата година, Формула 1 одржуваше дијалог со Џенерал Моторс и неговите партнери од TWG Global, испитувајќи ја одржливоста на влезот по комерцијалната проценка и одлуката донесена во јануари 2024 година, пишува порталот Инвестинг.

Во текот на оваа година, беше постигнат напредок во оперативните детали, а GM јасно ја истакна својата посветеност да го брендира својот тим како GM/Cadillac, со планови подоцна да влезе во Формула 1 како конструктор, односно снабдувач на мотори.

Формула 1 соопшти дека го продолжува процесот на аплицирање.

„Со оглед на континуираниот раст на Формула 1 во САД, отсекогаш верувавме дека доаѓањето на импресивен американски бренд како GM/Cadillac во шампионатот, и Џенерал Моторс како иден снабдувач на мотори, може да донесе дополнителна вредност и интерес за моторни спортови“. „Џенерал Моторс и неговите партнери постигнаа значителен напредок во подготовката за влез во Формула 1 и со нетрпение очекуваме да го продолжиме процесот на аплицирање за Тим ГМ/Кадилак за шампионатот 2026 година“, изјави Грег Мафеи, претседател и извршен директор на Либерти Медиа.

Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1, истакна дека „посветеноста на Џенерал Моторс и Кадилак на овој проект претставува важен и позитивен знак за еволуцијата на нашиот спорт“.