Италија во септември годинава стана најголем трговски партнер на Русија од земјите во Европската Унија. Италија ја презема оваа „позиција“ од Германија за прв пат од март годинава, објави Евростат.
Вредноста на трговската размена меѓу Италија и Русија во септември порасна за 25 отсто и достигна 768 милиони евра. Италијанскиот извоз во Русија се зголеми за една третина на 427,1 милион евра, а рускиот увоз во Италија е поголем за 17 отсто и изнесува 340,9 милиони евра.
Германија во септември беше втор најголем трговски партнер на Русија во Европската Унија, а трговската размена на двете земји се зголеми за 3,4 отсто на 720 милиони евра.
Трговската разамена меѓу Русија и Франција во истиот месец се зголеми за 29 отсто на 469 милиони евра, со Унгарија за 22 отсто на 451 милион евра, а со Холандија за 12 отсто на 437 милиони евра