Инфлацијата во Словенија повторно забрзува

Словенечките цени на производите за широка потрошувачка во ноември пораснаа за 1,8 отсто на годишна основа. За растот најмногу придонесоа повисоките цени на храната и безалкохолните пијалоци. На месечно ниво, инфлацијата изнесува 0,7 отсто. Најмногу го зголемила поскапата струја на преминот кон зимската сезона на пресметување на мрежните надоместоци, објави Државниот завод за статистика, пренесува СЕЕБиз.

Во ноември цените на производите за широка потрошувачка повторно пораснаа, откако во октомври останаа непроменети на годишна основа. Сепак, растот на цените е помал од пред една година, лани во ноември годишната стапка на инфлација беше 4,9 отсто.

Најголем придонес за годишната инфлација во ноември годинава имаа поскапувањата на храната и безалкохолните пијалоци, по што следуваат поскапувањата на здравството, рестораните и хотелите, облеката и обувките и рекреацијата и културата. Производите и услугите во транспортната група се поевтини од лани во ноември.