
Советникот на општина Неапол, Џенаро Еспосито, предложи во одредени периоди од годината да се воведе билет за центарот на градот по цена од пет евра за да се стави крај на преголемиот број туристи кои ги затрупаат италијанските градови, штети на културно наследство и им го оневозможат секојдневниот живот на жителите.
Исто како Венеција, која оваа пролет воведе билети за центарот на градот во одредени делови од годината, а кои ќе се повторуваат во 2025 година со повисока цена и поголем број денови, и Неапол би можел да стане еден вид музеј на отворено во одредени периоди, бидејќи пешачејќи низ улицата Спаканаполи, Сан Грегорио Армено и Декумани, ќе треба да се плати влезница од пет евра што би купена преку апликација, пишува РТС.
Историскиот центар на Неапол е прогласен за светско наследство од УНЕСКО и го посетуваат милиони туристи секоја година. Меѓутоа, зголемениот број на туристи во последно време доведува до тоа дека е невозможно да се движат во одредени области, до зголемен број на кривични дела, туристите не можат да видат за што дошле, а староседелците практично се спречени да живеат нормален живот.
Еспосито изјави дека не станува збор за наметнување данок, туку за средство кое може да го олесни подобар проток на туристи и да ги подобри услугите на трговците и квалитетот на животот на домородците. Често се случува туристите кои доаѓаат во Неапол само на еден ден да не придонесуваат за заработката на градот кој не е во состојба да го заштити своето историско и уметничко наследство. Неговиот предлог ги исклучува лицата кои живеат во Неапол, студентите, вработените во тие зони, како и ранливите категории.
Поделени реакции
Како што често се случува, овој предлог доведе до различни реакции. Од една страна има луѓе кои се за воведување на овој билет исто како оној во Венеција и одредени билети во Рим за јавни споменици како Фонтаната ди Треви, а од друга страна има трговци и вработени во туристичкиот сектор, кои сметаат дека тоа ќе донесе само негативни последици за градот и неговата економија.
Оние кои се за воведување наплата на билетот сметаат дека тоа што билетот ќе се продава само во одредени периоди од годината нема да доведе до нарушување, а други сметаат дека градот е на сите.
„Воведувањето на билетот би било контрапродуктивно“
Советничката за туризам Тереза Армато рече дека смета дека воведувањето на картичката би било контрапродуктивно бидејќи Неапол е познат како град со големо срце кој ги прифаќа сите и е познат по својата гостопримливост.
Џенаро Еспосито на својот Фејсбук профил и на профилот на Комитетот за подобар живот во Неапол објави како изгледа туризмот во Неапол во одредени зони и улици.











