Експеримент: Каков впечаток оставате кога џвакате гума за џвакање?

43

eksperiment

Аргентинскиот произведувач на гуми за џвакање Beldent сакаше да покаже дека џвакањето не мора секогаш да остави лош впечаток. Напротив, оној што џвака гума за џвакање остава впечаток дека има многу пријатели, исполнет живот и знае како да се забавува.

Затоа брендот ја ангажираше агенцијата Del Campo Saatchi & Saatchi и направи експеримент преку уметничка инсталација во Музејот на современа уметност во Буенос Аирес. На посетителите им беа претставени идентични близнаци, кои се разликуваа само во едно – едниот имаше гума за џвакање во устата. Им беа поставувани прашања и на крај беше донесен заклучокот.