ЕУ се подготвува за ново поскапување на гасот, залихите паѓаат

Индустријата во Европската унија (ЕУ) се подготвува за можен понатамошен шок на цената на гасот во текот на зимските месеци бидејќи студеното време ги намалува залихите и конкуренцијата со Азија за зголемување на течниот нафтен гас, како и изгледите за натамошно намалување на волуменот на гас што доаѓа од Русија.

Од енергетската криза во 2022 година, кога цената на гасот достигна речиси 350 евра за мегават-час, многу компании во ЕУ затворија фабрики или го намалија обемот на работа и бројот на работни места, бидејќи високите цени на гасот штети на нивната конкурентност. Многумина одржуваат намалено ниво на деловни активности, што очекувано негативно се одразува на растот во ЕУ.

Побарувачката за гас во ЕУ сега е 17 отсто под петгодишниот просек од пред пандемијата. Во исто време, цените на гасот се највисоки за повеќе од една година и аналитичарите предвидуваат дека ќе продолжат да растат.

„Загриженоста е што сме помалку подготвени бидејќи цените на енергијата сега се пониски од она што го видовме во 2022 година. Но, треба да се потсетиме дека сè уште сме на значително повисоки нивоа на цени од другите клучни региони како што се САД, Блискиот Исток или Русија “, вели Свеин Торе Холсетер од норвешката компанија за ѓубрива Јара.

Нервоза дополнително создава и истекот на договорот на крајот на годината за проток на руски гас во ЕУ преку Украина.

Франциско Бланч, аналитичар од Банката на Америка, смета дека тоа би можело да ја зголеми цената на гасот во ЕУ до 70 евра за мегават-час следната година од сегашните речиси 50 евра.

Во петгодишниот период пред пандемијата, просечната цена на гасот во ЕУ беше 17,58 евра за мегават-час. Магацините на ЕУ сега се полни во просек 85 отсто, што е десет процентни поени под нивото од пред една година, наведува Ројтерс.

Во случај на студена зима, за разлика од изминатите две, кои беа благи, залихите ќе опаѓаат многу побрзо. Минатата недела, за да обезбеди понуда, Европската комисија го зголеми целното ниво на залихи, но тоа создава притисок врз растот на цените.

Во Франција се очекува индустријата да работи со капацитет од 70 до 80 отсто оваа зима поради високите цени на енергијата, особено во хемискиот сектор.

Разликата во количината на европските тековни залихи во однос на минатата година е десет милијарди кубни метри гас и се обидува да ја компензира со увоз на течен природен гас (ЛНГ), вели шефот за трговија со гас во норвешкиот Еквинор, најголемиот снабдувач на ЕУ.

Во ноември, ЕУ увезе 11,3 милијарди кубни метри ЛНГ, главно од САД и Блискиот Исток.

Фото: Pixabay