До 2030 година, жените во Соединетите Држави ќе поседуваат имот од 34 трилиони долари, што претставува 38 отсто од сите главни имоти во Америка, според прогнозата на консултантската куќа Мекинси.
За споредба, во 2014 година, жените во САД имале 7,3 трилиони долари богатство, или 29 отсто од вкупниот имот, а минатата година тие бројки се искачиле на 17,7 милијарди долари и 34 отсто, според Блумберг.
Растот на нивното богатство до 2030 година главно ќе се должи на демографијата бидејќи жените живеат во просек пет години подолго од мажите, па семејното богатство се повеќе ќе завршува во рацете на сопругите по смртта на нивните сопрузи.