Дали Volkswagen го преместува производството на Golf од Германија по 50 години?!

За Golf, Volkswagen би можел да го примени рецептот што веќе го има имплементирано со Буба. Кога популарноста на Буба почна да опаѓа, Фолксваген го пресели производството од Германија во Мексико. Германскиот весник Handelsblatt тврди дека VW сака да го пресели производството на Golf надвор од Германија, можеби во Мексико, каде што веќе има фабрика. Друга опција, која е поблиску до дома и која исто така се разгледува е Полска.

Голфот сè уште има добри продажни бројки, и покрај налетот на теренците, и не вреди Volkswagen да го прекине своето производство, иако наскоро доаѓа електричен модел. Значи, оној што може да оди во Мексико е сегашниот модел 8 или 8.5, како што го нарекуваат денес, опремен со мотори со внатрешно согорување. Новиот електричен Golf, да го наречеме ID.Golf, ќе се произведува во Германија, пренесува Ревија ХАК.

Преселувањето на производството на Golf во странство може да заштеди пари на VW во време кога секој цент е важен.

Дискусиите на надзорниот одбор на VW за иднината на фабриката за голф во Волфсбург и други локации требаше да се одржат во ноември, но беа одложени поради штрајкот и преговорите со работниот совет.