Цената на златото порасна

Денеска европските берзански индекси се нерамномерни, американските индекси се во пад, додека на берзите истовремено е забележан раст на цените на нафтата и златото.

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) вчера одлучи да ги намали трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, со што каматната стапка на депозитите сега е 3 отсто, каматната стапка на операциите за главно рефинансирање е 3,15 отсто, а каматата на маргиналната кредитна линија 3,4 отсто.

Овие промени, кои се во согласност со очекувањата на пазарот, ќе стапат на сила од 18 декември.

Индексот DAX на Франкфуртската берза во 9:15 часот порасна на 20.483,95 поени, британскиот FTSE 100 на 8.317,66 поени, додека францускиот CAC 40 падна на 7.408,96 поени, а московскиот MOEX на 2.478,72 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 70.238 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 73.610 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 42,7 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.683,45 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,5799 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,04678, што е приближно исто како во четвртокот.

Фото: Pixabay