Брзиот воз од Берлин до Париз е пуштен во употреба, намалувајќи го патувањето меѓу двете европски престолнини од сегашните 14 часа на само осум. Беа избегнати и претходните трансфери.
Првиот воз тргна од Централната станица Берлин во понеделникот нешто по пладне, пристигнувајќи во француската престолнина во 19:55 часот, по постојките во Франкфурт, Карлсруе и Стразбур.
Шефот на Deutsche Bahn Ричард Луц, министерот за транспорт Фолкер Визинг и францускиот амбасадор во Германија Франсоа Делатр присуствуваа на историското поаѓање на возот што се најавуваше со години.
„Добрата француско-германска соработка е столбот на обединета Европа. Новата директна линија (Интерсити-Експрес) меѓу Берлин и Париз е симбол за тоа“, рече Луц, пренесоа агенциите.
Францускиот амбасадор рече дека новата служба ги нагласува силните врски меѓу Франција и Германија и го зближува населението.
„Ова е за средби, размени, заеднички раст и меѓусебно разбирање. Се работи за пријателство на дело“, нагласи министерот за транспорт.
Со новата линија управуваат Deutsche Bahn и француската SNCF Voyageurs, подружница на националната железничка компанија SNCF.
Билетите се достапни од 59,99 евра и се продаваат брзо, според Дојче Бан.
Берлин и Париз досега беа директно поврзани само со ноќен воз, а патувањето траеше околу четиринаесет часа.
Фото: Pixabay