Утврден е бројот на работни дозволи за странци во Црна Гора за 2025 година

Владата на Црна Гора  го одобри Предлогот за одлука за утврдување годишен број на дозволи за привремен престој и работа на странци за наредната година во износ од 28.990 дозволи.

Годишната квота за следната година е утврдена во вкупен број од 28.990 дозволи“, се наведува во владината информација, пренесува Мина.

Владата соопшти дека од годишната квота се издвојуваат 5.000 дозволи, кои органот на државната управа надлежен за работите од областа на трудот може дополнително да ги распредели за одредени намени, согласно потребите на пазарот на труд, на барање на Агенцијата за вработување.

Од годишната квота утврдени се 21.620 дозволи за вработување странци, а 2.370 дозволи за сезонско вработување на странци“, се наведува во огласот.

Таа одлука, се додава, ќе важи од 1 јануари следната година.