Социјалната мрежа Х ја подигна цената на претплатата

Социјалната мрежа Х објави дека ја подигнала цената на најскапата претплата на Premium Plus на 22 долари месечно.

Луѓето кои се претплатиле на Premium Plus под старите услови можат да ја користат претплатата до 20 јануари, пренесува Reuters.

Според X, дел од приходите од зголемената цена на претплатата ќе оди кај креаторите на содржини на платформата и ќе ѝ овозможи на компанијата да ја намали зависноста од рекламирање.

Промените засега ќе се појават само во некои земји.

Цената на претплатите Basic и Premium не е променета, што значи дека тие остануваат на три и осум долари месечно, се додава во соопштението.