Внимателно тргување на азиските берзи, повеќето индекси стагнираат

На азиските берзи во понеделник се тргува внимателно бидејќи нема значајни вести кои би можеле да ги насочат пазарите кон крајот на годината.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции беше намален за 0,2 отсто во седум часот, но е на пат да добие околу 16 отсто оваа година.

Утринава индексот Никеи падна за 0,8 отсто на токиската берза, додека индексите стагнираа на Шангајската берза. И двете, пишува Хина, се во плус во 2024 година, за околу 20, односно 16 проценти.

Во Јужна Кореја, пак, берзанските индекси годинава се на пат на загуби од приближно девет отсто, што е пред се последица на длабоката политичка криза од последните недели, која доведе до импичмент на претседателот.

Акциите на авиокомпаниите утрово се под притисок, откако во неделата во авионска несреќа на аеродромот во Муан загинаа 179 лица.

Како што се наближува крајот на годината, нема позначајни економски вести, а обемот на тргување на берзите е значително помал од просекот.