Бајден ја блокираше продажбата на US Steel на Јапонците

Американскиот претседател Џозеф Бајден одлучи официјално да ја блокира планираната продажба на американската фабрика за челик „Ју-Ес Стил“, која требаше да ја купи јапонската компанија „Нипон Стил“, вредна 14,9 милијарди долари.

Одлуката за блокирање на договорот дојде и покрај противењето на некои високи советници кои се загрижени дека тоа би можело да им наштети на односите меѓу САД и Јапонија, објави весникот „Вашингтон пост“, кој прв објави за одлуката.

Портпаролот на Белата куќа одби да ги коментира извештаите, додека извор изјави за Ројтерс дека одлуката е очекувана.

Портпаролот на Нипон Стил, исто така, одби да го коментира извештајот.

„Ју-ес Стил“ претходно објави соопштение во кое ја изразува својата надеж дека „Бајден ќе ја направи вистинската работа и ќе го следи законот со одобрување трансакција која јасно ја подобрува националната и економската безбедност на САД“.